Евертон ќе го продава голманот Пикфорд
Екипата на Евертон размислува да го продаде својот голман Џордан Пикфорд, бидејќи раководството на клубот ќе настојува да обезбеди сериозни финансиски средства за тренерот Френк Лампард, кој ќе има задача да започне со реконструкција во тимот.
Англиските медиуми известуваат дека и во случај тимот на Лампард да успее да обезбеди опстанок во Премиер лигата, продажбата на Пикфорд сепак ќе се случи. Тотенхем е клубот кој е најзаинтересиран за неговите услуги. Голманот и капитен на Тотенхем, Хуго Лорис оваа година полни 36 години и веќе се споменува негово можно заминување од тимот.