Евробаскет: Србија посилна од судиските неправди и Шпанија!
Селекциите на Белорусија, Белгија, Франција и Србија обезбедија место во полуфиналните среди од Евробаскетот во женска конкуренција кој овие денови се одвива во Франција и во Шпанија.
Неверојатно возбудлив меч во Валенсија одиграа кошаркарките на Србија и на Шпанија. И покрај голем број на судиски грешки, особено во финалните минути, Србинките успеаја да се одбранат, и во продолжението од пет минути да слават со (71:64).
За жал, тоа не им појде од рака на сензационалните Босанки. Не им беше лесно, играа против еден од ко-домаќините на еврошампионатот, Франција, која и пред да почне првенството важеше за еден од топ фаворитите за освојување на златниот медал.
Славеа Французинките со убедливи (80:67), па во полуфиналето ќе играат против уште едно големо изненадување – Белорусија.
Полесно од предвидувањата Белоруските кошаркарки го добија четвртфиналето против Шведска. Најмногу поради одличната игра во одбраната, за конечни (58:46).
А во вториот драматичен меч од четвртфиналната програма, кошаркарките на Белгија со минимални (85:83), ја совладаа Русија, па ќе и излезат на мегдан на Србија во обид да стигнат до големото финале.
Овие четири селекции обезбедија и дкректен пласман на олимписките квалификции, додека пак поразените селекции на БиХ, Шпанија, Шведска и Русија ќе се борат за уште две места на квалификацискито турнир за Олимпијадата.
Класификациските мечеви, како и оние во полуфиналето ќе се играат утре.
Големото финале и натпреварот за трето место ќе се играат еден ден подоцна, 27.јуни, исто така во Валенсија.