Евроголот на Енес Унал го спаси Борнмут од пораз против Вест Хем

Без победник заврши последниот меч од 16. коло во Премиер лигата. Борнмут и Вест Хем одиграа 1-1.

Добар, динамичен меч одиграа екипите предводени од шпанските тренери Андони Ираола и Хулен Лопетеги. Головите беа постигнати во самиот финиш.

Најпрвин Лукас Пакета погоди од пенал за Вест Хем, а три минути подоцна Енес Унал изедначи. Турсиот репрезентативец постигна преубав гол од слободен удар.

По четвртото реми од почетокот на сезоната, вест Хем остана на 14. место со 19 бодови, додека Борнмут скокна на шестото место со 25 бодови.