Еврогол на Суле, реми во римското дерби

Фудбалерите на Лацио и Рома ремизираа (1-1) на „Олимпико“ во дербито на италијанската престолнина. Стрелци на натпреварот од 32. коло беа Алесио Ромањоли во 47. минута за небесносините, и Матиас Суле за „волчицата“ во 61. минута.
Двата тима со различни планови влегоа во натпреварот, Лацио сакаше да игра со топката, а Рома сакаше да го спшти темпото на играта и од дефанзивниот блок да бара можност за контранапад.
Гол на Лацио во првиот дел и тоа во раната фаза на мечот спречи Миле Свилар. Голманот на Рома брилијантно интервенираше по обидите на Алесио Ромањоли и Густав Исаксен. .
Свилар беше немоќен на стартот од вториот дел, во 47. минута, кога Ромањоли со глава погоди во центаршутот на Лука Пелегрини.