Еврокуп: Димитријевиќ против Вајли во првата рунда
На посебна церемонија во Барселона беа одредени двете натпреварувачки групи за новата сезона 2021/2022 во Еврокупот.
За прв пат од постоењето, Еврокупот ќе се игра по поинаков формат. Односно 20. екипи од 13. земји од Европа ќе бидат поделени во две групи по 10.
Оние кои по регуларните 18. кола (од 30. октомври до 6. април) ќе се пласираат од првата до осмата позиција, ќе обезбедат пласман во ТОП 16 фазата која ќе биде елиминациска (осминафинале, четвртфинале, полуфинале и финале).
Предност во елиминациските натпревари ќе имаат подобро рангираните клубови од регуларната фаза на Еврокупот.
Интересно е дека ждрепката ги „спои“ во групата „Б“ екипите на Валенсија и на Будуќност. Двете каде имаме свои репрезенти.
Ненад Димитријевиќ како нов играч на Валенсија, односно Џејкоб Вајли, кој во наредната сезона ќе го носи дресот на Будуќност од Подгорица.
ГРУПА А: Морабанк Андора, Локомотив Кубан, Хувентуд, Партизан, Лиеткабелис, Тренто, Булоњ, Турк Телеком, Хамбург Тауерс, Сласк Броцлав
ГРУПА Б: Валенсија, Прометеас, Гран Канарија, Будуќност, Виртус Болоња, Цедевита Олимпија, Бург, Ратиофарм Улм, Бурсаспор, Умана Венеција