Евролигата ги оправда судиите: Црвена Звезда не е оштетена на дуелот со Жалгирис
Спорниот момент од мечот во кошаркарската Евролига помеѓу
Црвена Звезда и Жалгирис доби образложение од страна на
челниците на Евролигата, во кое е наведено дека нема доказ за газење на линијата од страна на Еванс.
„На 21,2 секунди до крајот, Кинан Еванс прими топка и му додаде на
Димшј, кој беше фаулиран. Судиите утврдија дека Еванс не го мина
центарот за време на својот посед, па не е досудено кршење на ова
правило. Оделението за судење на Евролигата од повеќе камери и
агли ја прегледа ситуацијата и не пронајде јасни и конечни визуелни
докази дека Еванс ја згазна линијата, па утврдија дека судиите
постапија коректно“, стои во образложението.