Евролигата го одложи дуелот на Фенербахче и Баерн
Кошаркарската Евро-лига потврди дека поради Ковид-19 е одложен натпреварот од 26 коло меѓу Фенербахче и Баерн Минхен кој требаше да се одигра на 11 февруари.
Германскиот тим има неколку заразени и не може да го обезбеди потребниот минимум од 8 кошаркари.
Според правилата на Евролигата, еден натпревар може да се одложува максимум три пати доколку има слободни термини.