Евролигата го одложи натпреварот Париз – Фенербахче
Евролигата го одложи натпреварот помеѓу Париз и Фенербахче кој требаше да се одигра вечерва во француската престолнина.
Повеќето играчи од лидерот во Евролигата се разболеле, па францускиот клуб нема доволно играчи за да состави ростер за натпреварот.
Првиот знак на неволја за Париз се појави на стартот од актуелната двојна недела, кога најдобриот играч на тимот, Ти Џеј Шортс, мораше да го пропушти натпреварот против Реал Мадрид.
„Многу играчи се надвор од теренот, но ние имаме гордост. Микаел (Јантунен) играше лошо. Но, тој сакаше да игра. Многу играчи се чувствуваа така“, изјави тренерот на Париз, Тиаго Сплитер по поразот од Реал.
„Некаков вирус, некакво труење со храна. Не знам точно за што се работи. Дури и јас се мачев малку. Но, горд сум на она што го покажа тимот“, додаде Бразилецот.
„По натпреварот со Асвел, многу играчи почнаа да се чувствуваат чудно. Некои веќе беа болни и веројатно требаше неколку дена за вирусот навистина да не зафати. Секогаш сме заедно, во соблекувалната, на состаноците на тимот. Така се шири вирусот“, објасни Сплитер.