Европскиот првак го купува Милош Теодосиќ

Милош Теодосиќ следната сезона би можел да го носи дресот на Анадолу Ефес, актуелниот освојувач на Евролигата.

Според најавите на италијанските медиуми, српскиот играч би го заменил својот сонародник Василије Мициќ во тимот на турскиот шампион, затоа што Мициќ планира да се испроба во НБА лигата.

Доколку сака да го донесе Теодосиќ, Ефес ќе треба да му плати на Виртус клаузула од 250.000 евра до 10 јули. Тоа е цената што тимот од Болоња ја одреди за трансфер на Србинот во Евролигата.