Европскиот шампион го продаде својот напаѓач на Милан
Оливие Жиру веќе во понеделник во Милано треба да ги помине медицинските прегледи и потоа да потпише договор со италијанскиот клуб кој го договори неговото доаѓање со Челзи.
Според пишувањата на медиумите, Жиру ќе потпише двегодишен договор со Милан, кој на Челзи ќе му плати милион евра со обврска на исплата на додатен милион низ бонуси кои ќе зависат од резултатите кои ќе ги покаже францускиот напаѓач.
Жиру, кој годинава ќе го прослави својот 35. роденден, ќе потпише договор до јуни 2023. година и по сезона ќе заработува 3,5 милиони евра.