Европски гиганти во трка по млада ѕвезда на Ајакс

Само 17 години има Жорти Мокио, но веќе предизвикува сериозен интерес кај европските фудбалски гиганти. Младиот белгиски играч од средниот ред на Ајакс е внимателно следен од скаути на Барселона, Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, Челзи и Реал Мадрид. 

Израснат во славната академија на Ајакс, Мокио се истакнува со техничка умешност, визија и зрелост кои ретко се гледаат кај негови врсници. Неговите настапи на младинските натпреварувања само го засилија интересот и го вметнаа меѓу најперспективните млади фудбалери во Европа. 

Според извештаи, Јунајтед и Реал веќе неколку пати испратиле свои луѓе да го следат во живо, што јасно покажува колку сериозни се нивните намери. Со оглед на репутацијата на Ајакс за создавање врвни играчи, борбата за потписот на Мокио ќе биде остра и возбудлива. 

Сите погледи сега се вперени кон неговиот следен чекор, каде ќе продолжи кариерата на момчето кое многумина го гледаат како идна ѕвезда на европскиот фудбал.