Евротип дел од спонзорскиот тим на првата велосипедска тура “Манданата 2024”

Во неделата на 23ти јуни Клубот за планински спортови “Осоговски орел” од Кочани ја реализира првата планинска велосипедска тура “Манданата 2024” што се одржа во атарот на селото Речани на падините на Осоговските Планини. Оваа трка беше организирана во чест на македонскиот револуционер од илинденскиот период Стефан Мандалов – Манданата кој загинал во 1903та година во близина на селото Мишино.

Стартно-целна позиција на самата трка беше манастирот “Свети Илија” во месноста Бочвенец. На трката учествуваа стотина велосипедисти од десетина маунтбајк клубови од Македонија, при што се возеше на две патеки со должина од 26 и 36 километри.
За сите учесници кои успешно ја завршија трката беа обезбедени признанија, а организаторите најавија дека се планира оваа трка да стане традиционална и да добие меѓународен карактер.

Евротип компанијата која е дел од КС Групацијата како редовен подржувач на спортот и спортските настани беше еден од спонзорите на оваа трка.

Преку спонзорства и донации, Евротип значително придонесува за развојот на спортот и спортската култура меѓу широките народни маси. Секој настан поддржан од Евротип е доказ за нивната посветеност и љубов кон спортот, правејќи ги не само поддржувачи, туку и вистински амбасадори на спортскиот дух.