Евротип дел од 15-та крводарителска акција на КС Групација

На 11 јуни 2025 година, КС Групација ја организираше својата 15-та по ред крводарителска акција, која се одржа во просториите на компанијата во Битола. Настанот беше организиран во соработка со Општинската организација на Црвен крст Битола и Службата за трансфузиологија при ЈЗУ Клиничка Болница „Др. Трифун Пановски“.

Во оваа значајна иницијатива активно учество земаа вработените од сите компании што се дел од КС Групацијата, меѓу кои и тимот на Евротип, кој со своето присуство уште еднаш ја потврди својата посветеност кон општествено одговорни активности.
Одзивот беше одличен, со вкупно 27 дарители кои доброволно донираа крв и придонесоа за спасување човечки животи. Настанот го поддржаа и нашите партнери Mint Fintech и JK Travel.

Посебна чест беше присуството на претседателката на Општинската организација на Црвен крст Битола, Лилјана Ристевска, која ја истакна важноста од континуираната соработка со компании како КС Групацијата, кои вложуваат во заедницата.
Во знак на благодарност за професионалноста и поддршката, КС Групацијата додели симболични подароци на тимовите од Црвен крст и медицинскиот персонал од трансфузиолошката служба.

Во Евротип веруваме дека општествената одговорност започнува со дела, а хуманоста е вредност која ја градиме секојдневно. Горди сме што сме дел од иницијативи кои носат вистинска промена и поттикнуваат заедништво.