Евротип и Голд Слот поддржувачи на 12тиот Меѓународен Велигденски Кошаркарски Турнир во организација на КК Младост од Битола
Минатиот викенд на 11ти и 12ти мај се одржа првиот дел од Меѓународниот Велигденски турнир во кошарка чиј организатор е кошаркарскиот клуб “Младост” од Битола. Натпреварите се играа во 4 спортски сали низ Битола и тоа: градската спортска сала “Боро Чурлевски”, училишната спортска сала “Д-р Јован Калаузи”, училишната спортска сала „Јосип Броз Тито“ и училишната спортска сала “Јане Сандански”. Во првиот дел од кошаркарскиот турнир имаше категории за момчиња родени во 2012 и 2013 година, девојчиња родени во периодот од 2010 до 2012 година како и мешана категорија за млади кошаркари и кошаркарки родени во периодот од 2014 до 2016 година. Вториот дел на турнирот ќе се одржи на 17ти и 18ти мај и на него учество ќе земат ветерани во кошарка и тоа жени над 40 години и мажи над 45 години.
Свеченото отварање на турнирот се одржа во спортската сала “Д-р Јован Калаузи” каде беа присутни претставници на спонзорите на овој турнир на кои им беа доделени благодарници за нивната поддршка на турнирот. Евротип и Голд Слот компании кои се дел од КС Групација се едни од поддржувачите на овој Меѓународен Велигденски Кошаркарски турнир. Овие компании обезбедија маички за учесниците во турнирот како и за останатиот тим кој беше вклучен во организацијата и реализацијата на самиот турнир. Овој турнир ги спојува децата и ветераните со љубовта кон кошарката и спортот. Евротип и Голд Слот и во иднина ќе продолжат да ги поддржуваат спортските настани и манифестации бидејќи поддршката на младите и спортот е една од основните постулати врз кои се темели програмата за општествена одговорност на цела КС Групација.
Со поддршката на овој турнир компаниите Евротип и Голд Слот директно го поддржуваат и економскиот развој на град Битола бидејќи овој турнир не е само за спортистите туку е за добробит на целата општина. Како што младите учествуваат и растат во спортот така тие стануваат лидери во својата заедница и пример за следните генерации. Сите компании кои се дел од КС Групација сакаат со личен пример да ги поттикнат останатите компании да се вклучат во поддршка на младите и спортот за да им дадеме мотивација на младите да се ориентираат кон спорт и здрави навики.