Евротип – Лидер во исплати, иновации и посветеност кон заедницата

Евротип како водечки провајдер за спортско обложување во Македонија, изминатата година ја исполна со значајни успеси, поставувајќи темели за уште посилен раст во претстојната 2025 година. Компанијата продолжи да ги зацврстува своите позиции на пазарот за обложување и игри на среќа, привлекувајќи нови корисници преку уникатни понуди и бонуси, подобрени услуги и корисничко искуство.

Нашата грижа кон корисниците е највидлива преку исплата на високи бонуси и ваучери со кои повторно ја докажуваме нашата доверливост и сигурност во изминатата година. Евротип е лидер во исплатени бонуси за своите играчи, со сума која надминува 15 милиони денари. Опцијата Кешбек кај играчите врати рекордни над 26 милиони денари, а со многубројните реализирани наградни игри и гивавеи, кај нашите корисници пристигнаа повеќе од 6 милиони денари. Вкупниот износ на ВЛТ џекпотови во уплатните локации на Евротип ја надмина сумата од исплатени над 1 милион евра. Вредно е да се напомене дека највисоки добитни тикети со милионски износи во минатата година беа исплатени во три различни уплатни места: Гевгелија 2,000,000 денари, Битола 3,326,228 и Прилеп 3,352,511 денари.

Нашето партнерство со домашните спортски тимови и донираните средства за поддршка на локални проекти во областа на спортот и образованието, ја истакнаа посветеноста на Евротип кон заедницата. Во годината која измина ја имавме честа да поддржиме и да бидеме дел од бројни настани низ целата држава.

Го истакнуваме и формирањето на фудбалскиот клуб ФК Евротип Онлајн кој од оваа сезона успешно се натпреварува во третата македонска фудбалска лига.

Евротип како компанија која е дел од КС Групацијата, со гордост гледа на постигнувањата во изминатата година, но истовремено е посветена на уште поголеми успеси во иднина.