Евротип предлог тикет – Недела 06.06.2021
Еден од најдобрите спортски новинари во државата и регионот – Зоран Мишевски селектира дел од понудата за денешните натпревари и ни даде свое гледиште како би се одвивале истите. Украдете дел од идеите или преземете ги неговите типови, па се надеваме на добивки. Предлог тикетот во ЕВРОТИП носи над 34 коефициент:
Белгија – Хрватска | ГГ, 3+
Двете селекции најавија дека ќе играат со „шарени“ состави, иако ова е последен тест пред Европското првенство. Белгија има многу моќен состав, а Хрватите се во пад, кој го видовме и против Ерменија. Сепак, без Де Брујне моќта на „ѓаволите“ многу се намали, па очекувам израмнет натпревар со многу голови.
Холандија – Грузија | 1-1, 3+
Со новиот експеримент и формација 3-5-2 Франк де Бур не ги собра симпатиите, напротив, многу го критикуваат во татковината. Ремито со Шкотска беше окарактеризирано како неуспех, а Грузија е можност запоправен испит. Со убава победа „лалињата“ може да ја поправат климата пред големиот турнир.
Данска – БиХ | 1, 1+I & 1+II
По ремито во Германија, самодовербата на данската репрезентација порасна и сите во земјата веруваат во квалитетите на оваа селекција. Данска е многу поискусна од БиХ, која доаѓа со нова репрезентација и среде експеримент. Домашната победа делува како реален исход.
Англија – Романија | 1-1
Англија ја победи Австрија во тест во кој не играа фудбалерите на Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед и Челзи. Сега се очекува нивно приклучување кон ростерот и можност Саутгејт да го види целиот потенцијал. Романија не е противник на нивото на „Гордиот Албион“.
Норвешка – Грција | 0-2
Две селекции кои не играат на Европското првенство, тестираат за продолжувањето на мундијалските квалификации. Овие две репрезентации не може да се пофалат со отворен фудбал и многу голови. Затоа, идеална опција е игра на мал број на голови, иако се работи за контролен натпревар.