Евротип предлог тикет – Недела 07.02.2021
Еден од најдобрите спортски новинари во државата и регионот – Зоран Мишевски селектира дел од понудата за денешните натпревари и ни даде свое гледиште како би се одвивале истите. Украдете дел од идеите или преземете ги неговите типови, па се надеваме на добивки. Предлог тикетот во ЕВРОТИП носи околу 29 коефициент:
Тотенхем – ВБА 1-1
По кризата и трите порази во низа, Тотенхем има идеален противник за враќање на победнички стази. Иако нема да настапи Кејн, тимот на Мурињо не смее да си дозволи да загуби бодови против една од најскромните екипи во лигата.
Сент-Етјен – Мец 1
Иако Мец е незгодна и непредвидлива екипа, сепак домаќинот е неприкосновен на „Жофри Гишар“ и треба да ја наметна својата супериорност. Ако има вистински ритам домаќинот ќе ги прокнижи бодовите.
Беневенто – Сампдорија 3+
Супер-офанзивен фудбал негува Беневенто на Пипи Инзаги и постигнува и прима голови на скоро сите натпревари. Затоа против Сампдорија ќе игра пак за гол повеќе и веројатно ќе ја задржи тенденцијата.
Нови Пазар – Црвена Звезда 2-2
Засилената Црвена Звезда на јавноста треба да му го претстави новиот проект, кој се подготвува за дуелите против Милан во Лига Европа. Италијанецот Фалко ќе дебитира на незгодниот терен против Нови Пазар. Не би требало да дојде во прашање триумфот и бодовите во полза на „црвено-белите“.
Палмеирас – Тигрес 1
Победникот на Копа Либертадорес е јасен фаворит против мексиканскиот гигант. Жињак е најголемата опасност по тимот на Абел Фереира, но Бразилците во Доха дојдоа во одличен ритам и со еуфорија по освојувањето на Копа Либертадорес.