Евротип предлог тикет – Недела 07.03.2021

Еден од најдобрите спортски новинари во државата и регионот – Зоран Мишевски селектира дел од понудата за денешните натпревари и ни даде свое гледиште како би се одвивале истите. Украдете дел од идеите или преземете ги неговите типови, па се надеваме на добивки. Предлог тикетот во ЕВРОТИП носи околу 33 коефициент:

Ливерпул – Фулам 1-1

Англискиот шампион е во вертикален пад, но не може вечни да губи. Во последно време подобро игра на гостински терен, отколку на „Енфилд“. Сепак, Фулам е еден од најлошите гости и против нападот на „црвените“ нема што да бара.

 

Динамо – Ријека 1, 3+

Иако „модрите“ размислуваат за Тотенхем и европскиот дуел во четврток, сепак Ријека е во голема криза и не би требало да може да се спротистави на „ Максимир“. Секој резултат освен победа на тимот на Адеми и Ристевски ќе биде големо изненадување.

 

Рома – Џенова ГГ, 3+

„Волчицата“ игра одлична сезона, посебно во нападот и не би требало да ја смени тенденцијата и в недела против Џенова. Ретко кога екипата на Фонсека игра тврдо и без голови, па и овојпат вистински тип е тип на голови во двете мрежи.

 

Реал Сосиедад – Леванте 1

Елиминацијата од Купот на Кралот и на тоа на толку суров начин веројатно остави трага врз екипата на Барди. Гостувањето во Сан Себастијан не е вистински момент и тешко дека Леванте може да остане непоразен.

 

Атлетик Билбао – Гранада 1

Можеби се уморни и слават две финалиња на Купот во април, но фудбалерите на Атлетик Билбао се на „седмо небо“ и имаат енергија за овој дуел. Гранада може да чува сили за европскиот дуел в четврток, па затоа Баскијците се фаворити.