Евротип предлог тикет – Недела 10.01.2021
Еден од најдобрите спортски новинари во државата и регионот – Зоран Мишевски селектира дел од понудата за денешните натпревари и ни даде свое гледиште како би се одвивале истите. Украдете дел од идеите или преземете ги неговите типови, па се надеваме на добивки. Предлог тикетот во ЕВРОТИП носи околу 34 коефициент:
Верона – Кротоне | 1
Во Торино во средата Верона пропушти можност да извојува победа, со што останува тим кој е „Ахилова пета“ за гигантите, но не блеска против таканаречените мали тимови. Кротоне е идеален ривал за прекин на оваа серија.
Леванте – Еибар | 1
Барди е спремен за враќање на терените по повредата, а Леванте нема право на грешка во вториот натпревар во новата година. Еибар е променлив, а важи и за еден од најлошите гости во Шпанија. Домаќинот останува со етикетата фаворит во овој дуел.
Аугсбург – Штутгарт | ГГ, 3+
Тешко е да се прогнозира финалниот скор на овој дуел, но затоа пак предвидливо е дека ќе паднат повеќе голови, а веројатно ќе ги постигнат двете екипи. Штутгарт е благ фаворит и се очекува дека непоразен ќе се врати од Баварија.
Мехелен – Антверпен | 4-6
Соседите играат меѓусебно дерби, но Антверпен како фаворит во дуелот. Сепак, одбраната не е силна страна на двете екипи, па се очекуваат многу голови на овој дуел.
Кроули – Лидс Јунајтед | 2
Нисколигашот силно ќе биде мотивиран, но Лидс има многу поквалитетен протовник и со сериозен влез во натпреварот ќе извојува победа. Секој резултат освен лесна победа на гостите ќе биде изненадување.