Евротип предлог тикет – Недела 11.04.2021

Еден од најдобрите спортски новинари во државата и регионот – Зоран Мишевски селектира дел од понудата за денешните натпревари и ни даде свое гледиште како би се одвивале истите. Украдете дел од идеите или преземете ги неговите типови, па се надеваме на добивки. Предлог тикетот во ЕВРОТИП носи над 27 коефициент:

Шефилд Јунајтед – Арсенал 2
Неиграњето на Одегард остави сериозна трага врз „топџиите“ и не блескаа во организацијата и реализацијата против Славија. Норвежанецот нема да игра и во Шефилд, но Пепе и Обамејанг ќе добијат шанса од првата минута. Секој резултат освен победа на клубот од Лондон ќе биде големо изненадување.

Лион – Анжер 1-1
Збрката на врвот на табелата му дава шанса и Лион да се надева на титулата. Формата на момците на Руди Гарсија не е во нагорна линија и тоа загрижува пред гостувањето на Анжер на „Групама Стадиум“. Сепак, индивидуалната класа на Депај, Палета, Токо-Екамби треба да дојде до израз.

Интер – Каљари 1, 3+
Интер има десет победи по ред, па победува и кога игра добро, но и кога има проблеми. Со Каљари низ минатото се соочувал со грижи, но овојпат формата на клубот од Сардинија е очајна, не помогна многу ни тренерската смена, па бодовите треба да останат на „Сан Сиро“.

Бетис – Атлетико Мадрид 2
Суарез се повреди на тренинг и нема да игра три недели. Тоа е уште еден тежок удар за Симеоне по поразот од Севиља пред една недела. Но, Бетис не е Севиља и екипата на Пелегрини ќе мора да одговори во одбраната ако сака да остане непоразена. Очекувам реакција и три бода за лидерот.

Виљареал – Осасуна 1-1
Иако акцент фрла на Лига Европа, екипата на Унаи Емери има идеална шанса за лесни три бода против Осасуна, пред возвратниот дуел со Динамо Загреб. Не се очекуваат големи промени, ротацијата нема да биде комплетна и бодовите треба да останат на „Естадион де ла серамика“.