Евротип предлог тикет – Недела 16.05.2021

Еден од најдобрите спортски новинари во државата и регионот – Зоран Мишевски селектира дел од понудата за денешните натпревари и ни даде свое гледиште како би се одвивале истите. Украдете дел од идеите или преземете ги неговите типови, па се надеваме на добивки. Предлог тикетот во ЕВРОТИП носи над 30 коефициент:

Евертон – Шефилд Јунајтед | 1-1
Мајската форма на Евертон на Анчелоти радува, а и календарот им е во прилог. Победата против Шефилд Јунајтед во ниту еден момент не треба да биде доведена во прашање, па бодовите треба да останат на „Гудисон парк“.

Тотенхем – Волвс | 1, 3+
„Волците“ немаат посебен мотив за игра до крајот на сезоната и мора да се надминат себеси за да извлечат позитивен резултат против „петлите“. Тотенхем е апсолутен фаворит, иако Волвс не му лежи како противник. Бејл се очекува во стартниот тим, а офанзивната формација треба да му даде резултат на Мејсон.

ПСЖ – Ремс | 1-1
Само теорија игра со шансите на ПСЖ за титулата во Лига 1. Иако уморни од силниот ритам среда-недела, момците на Почетино се големи фаворити и би требало лесно да се справат со Ремс. Мбапе се врати во врвна форма, а со тоа и проблемите на противникот се уште поголеми.

Олимпик Марсеј – Анжер | 1, 3+
Доаѓањето на Сампаоли на кормилото на Олимпик Марсеј донесе позитивни промени, екипата игра полетно и допадливо, а има и противник по мерка. Бенедето и Тован играат во одлична форма, а со тоа и целата екипа се движи во позитивна насока.

Мајнц 05 – Борусија Дортмунд | 2
По финалето на Купот, Борусија Дортмунд има уште поважна мисија, а тоа е пласман во Лигата на шампионите. Халанд се враќа во тимот, а историјата нуди многу голови кога се среќаваат овие две екипи. Составот на Терзиќ важи за огромен фаворит за освојување на трите бода.