Евротип предлог тикет – Недела 17.01.2021

Еден од најдобрите спортски новинари во државата и регионот – Зоран Мишевски селектира дел од понудата за денешните натпревари и ни даде свое гледиште како би се одвивале истите. Украдете дел од идеите или преземете ги неговите типови, па се надеваме на добивки. Предлог тикетот во ЕВРОТИП носи околу 16 коефициент:

Лион – Мец | 1-1
Пред нешто повеќе од еден месец овие две екипи се сретнаа во Мец и Лион извојува лесна и убедлива победа. Фудбалот на Мец им лежи на момците на Руди Гарсија и очекувам нова лесна победа на лидерот.

Аталанта – Џенова | 1, 3+
Аталанта е во налет и случајот Папу Гомез воопшто не го поремети планот на тренерот Гасперини. Џенова ги чуваше клучните фудбалери на натпреварот од Купот против Јуве, но којзнае дали тоа ќе им биде доволно да остане непоразена во Бергамо.

Баерн – Фрајбург | 1, 1+ПП&1+ВП
По елиминацијата од Купот на Германија, Баерн ќе мора да се извади со вистински пристап не би требало да има проблеми со Фрајбург. Момците на Флик може да понудат натпревар со многу голови.

АЕК – Атромитос | 1-1
Грчкиот вицешампион и екипата која оваа сезона играше во групната фаза на Лига Европа е апсолутен фаворит и не би смеела да си дозволи кикс. На домашен терен во Атина, АЕК и оваа сезона е неприкосновен.

Мадервел – Ренџерс | 2
Лидерот во шкотската Премиер лига е во налет, а Џерард целосно го препороди гигантот во Шкотска. Мадервел е ранлив, прима многу голови и не може да одолее на најдорбиот шкотски напад.