Евротип предлог тикет – Недела 21.03.2021
Еден од најдобрите спортски новинари во државата и регионот – Зоран Мишевски селектира дел од понудата за денешните натпревари и ни даде свое гледиште како би се одвивале истите. Украдете дел од идеите или преземете ги неговите типови, па се надеваме на добивки. Предлог тикетот во ЕВРОТИП носи околу 40 коефициент:
Лион – ПСЖ 0-2
Дерби кое може да има клучен ефект во битката за титулата. На ПСЖ не му оди најдобро во дуелите со Лион, Олимпик Марсеј и Лил, па затоа пореална опција е тврд и неефикасен натпревар. Неизвесен е настапот на Нејмар, а и Ди Марија е под знак прашалник.
Динамо Загреб – Горица 1-1
Победата над Осијек во петокот го притиска Динамо да брка победа против Горица. Можеби се уморни од епскиот пресврт против Тотенхем, но „модрите“ имаат широк ростер за лесна домашна победа против Горица.
Војводина – Инџија 1, 3+
Во Нови Сад тешко кој може да освои бодови, па така Војводина е апсолутен фаворит за трите бода против Инџија. Се очекува триумф и многу голови на домашните „црвено-бели“.
Атлетико Мадрид – Алавес 1-1
Елиминацијата од Европа го прави Атлетико апсолутен фаворит за титулата во Примера, бидејќи сега играат само еден натпревар неделно, имаат поволен распоред и не би требало да губат премногу бодови. Победа над Алавес е приоритет и императив.
Селтик – Ренџерс 3+
Ренџерс е шампион и оваа сезона подобар ривал. Сепак, инаетот на домаќините да слават против уморните фудбалери на Џерард може да биде клучен момент во дуелот. Опцијата да видиме многу голови во дербито останува првична комбинација за типување.