Евротип предлог тикет – Недела 23.05.2021
Еден од најдобрите спортски новинари во државата и регионот – Зоран Мишевски селектира дел од понудата за денешните натпревари и ни даде свое гледиште како би се одвивале истите. Украдете дел од идеите или преземете ги неговите типови, па се надеваме на добивки. Предлог тикетот во ЕВРОТИП носи над 11 коефициент:
Ливерпул – Кристал Палас | 1
Поранешниот првак на Англија нема да ја испушти оваа шанса која му се укаже и со победа против Кристал Палас ќе ја завери Лигата на шампионите. Победа над тимот на Хоџсон многу веројатно ќе значи место во ТОП4, но „црвените“ мора да бидат претпазливи, бидејќи Кристал Палас не им лежи како противник. Радува формата за напаѓачите во последните неколку кола, иако најважниот погодок го постигна голманот Алисон.
Манчестер Сити – Евертон | 3+
Новиот шампион со мислите ќе биде кон финалето на Лигата на шампионите, но тоа не е проблем да не се одигра уште еден отворен и ефикасен натпревар. Евертон „потона“ во вториот дел на сезоната и со разнишан морал доаѓа на „Етихад“. Победа на домашната екипа е реална опција, а многу голови во двете мрежи уште пореална.
Брест – ПСЖ | 2
Единствен опција за ПСЖ да продолжи да сонува титула во Лига 1 е победа во Брест. Тоа треба да биде полесно остварлива опција, во споредба со кикс на Лил во Анжер, но момците на Почетино имаат обврска да си ја завршат обврската. Нејмар ќе се врати по неиграњето во финалето на Купот.
Интер – Удинезе | 1-1
Поразот од Јуве пред една недела не остави последици, но новиот шампион не сака да ја заврши сезоната во Серија А туку-така. Безбедниот Удинезе, без повредениот Илија Несторовски доаѓа на „Сан Сиро“, но нема што да бара против Лукаку, Лаутаро, Барела…
Севиља – Алавес | 1-1
Поразот од Виљареал пред една недела е единствениот многу лошо одигран натпревар на Севиља пролетва и Лопетеги ќе побара од своите фудбалери уште малку труд за со победата да се заокружи уште една успешна сезона. Враќањето во Лигата на шампионите е исполнување на мисијата на клубот од Андалузија.