Евротип предлог тикет – Недела 24.01.2021
Еден од најдобрите спортски новинари во државата и регионот – Зоран Мишевски селектира дел од понудата за денешните натпревари и ни даде свое гледиште како би се одвивале истите. Украдете дел од идеите или преземете ги неговите типови, па се надеваме на добивки. Предлог тикетот во ЕВРОТИП носи околу 28 коефициент:
Сент-Етјен – Лион 0-2
Едно од најголемите француски дерби соочувања предвидувам дека ќе мине во знакот на голема борба и малку голови. Лион е благ фаворит, посебно ќе дојде лут по поразот од Мец, но Сент-Етјен не смее да се отпише.
Лацио – Сасуоло ГГ, 4+
Натпреварите на Сасуоло се спектакл, преполни со голови и позитивна и офанзивна тенденција. Најтешко е да се предвиди конечниот исход, но најлесно дека ќе има доста голови.
Шалке 04 – Баерн Минхен 2-2
Иако со Грос на клупата и неколку зимски засилувања има видно подобрување, Шалке не може многу работи да очекува против Баерн. Секој резултат освен гостинска победа ќе биде сензација.
Елче – Барселона 2
„Ранета“ по поразот во Суперкупот и неубедливата победа во Купот на Кралот и без Меси, Барса гостува во Андалузија. Сепак, екипата на Куман е под императив, едноставно мора да се наметне, а и противникот тоа го дозволува. Само победа ја остава Барса блиску до Атлетико и Реал.
Бешикташ – Гезтепеспор 1-1
Конечно Бешикташ влезе во ритам, победи и неколку дерби натпревари и како огромен фаворит влегува во дуелот со Гезтепеспор. Иако во минатото клубот од Истанбул редовно имал проблеми со вакви ривали, верувам дека ќе се радува на бодовите.