Евротип предлог тикет – Недела 25.04.2021

Еден од најдобрите спортски новинари во државата и регионот – Зоран Мишевски селектира дел од понудата за денешните натпревари и ни даде свое гледиште како би се одвивале истите. Украдете дел од идеите или преземете ги неговите типови, па се надеваме на добивки. Предлог тикетот во ЕВРОТИП носи над 40 коефициент:

Астон Вила – ВБА 1-1, 3+

Неиграњето на Грилиш остави трага врз играта на Астон Вила во клучниот дел на сезоната. Клубот до Бирминген ја загуби креацијата, а во една доза и самодовербата. Дуелот со градскиот ривал ВБА е идеална шанса за почеток на нова победоноста серија.

 

Анжер – Монако 2

Со оглед на шансата за освојување на титулата покрај ПСЖ и Лил, Монако мора да верува во пет победи до крајот на Лига 1. Екипата на Ковач има за цел влез во Лигата на шампионите, а ако се укаже шанса, зошто да не и трофеј во шампионатот. Анжер е идеална шанса за продолжување на победоносната серија, бидејќи разликата во квалитет е очигледна.

 

Аталанта – Болоња 1, 3+

По несреќно загубените два бода во Рим против Рома, Аталанта има противник по мерка. Во Бергамо доаѓа екипа која игра отворен фудбал и нема по секоја цена да се затвори. Тоа им одговара на момците на Гасперини и верувам дека ќе „наплатат“ со победа со многу голови.

 

РБ Лајпциг – Штутгарт 1

По непредвидените киксови минатата недела и само еден бод против Хофенхајм и Келн, екипата на РБ Лајпциг дефинитивно ја загуби трката за титулата со Баерн. Сепак, Нагелсман е тренер кој секогаш го сака најдоброто од своите фудбалери и победа против Штутгарт е императив.

 

Интер – Верона 1-1

Реми средбите против Наполи и Специја во гости се само очекуван стоп на позитивната серија на Интер. Веројатно новиот првак на Италија има противник по мерка за победа. Иако Верона подобро игра со посилните тимови сезонава, сепак против Интер не се
изнаигра на првиот натпревар. Очекувам нова победа на тимот на
Конте.