Евротип предлог тикет – Недела 28.03.2021

Еден од најдобрите спортски новинари во државата и регионот – Зоран Мишевски селектира дел од понудата за денешните натпревари и ни даде свое гледиште како би се одвивале истите. Украдете дел од идеите или преземете ги неговите типови, па се надеваме на добивки. Предлог тикетот во ЕВРОТИП носи околу 41 коефициент:

Грузија – Шпанија | 2
По неочекуваното реми против Грција, „фуријата“ на Луис Енрике мора да се покаже во Тбилиси. Победата не би требало да биде под знак прашалник, а и традицијата е на страната на Шпанија. Сепак, Грузија има нов селектор, сигурно ќе сака да се докаже и скапо да ја продаде кожата.

Украина – Финска | 1-1
Многу голем е напредокот под Шевченко и Тасоти во украинската репрезентација отколку претходно. Ремито во Париз пред неколку дена е показател за тоа, а и самодовербата расте. Финска, која е учесник на Европското првенство, исто така напредува, но во Киев нема никакви шанси за бодови.

Бугарија – Италија | 2, 2-3
„Азурите“ ја достигнуваат максималната форма под Манчини и треба да бидат меѓу најдобрите на Европското првенство, каде групната фаза ќе ја играат на домашен терен. Бугарија е никогаш послаба, па по поразот од Швајцарија, тешко може да изненади посилна селекција како Италија.

Хрватска У21 – Швајцарија У21 | 1
Победата на Швајцарија над Англија беше големо изненадување, но не верувам дека оваа селекција е кадарна за уште една сензација. Хрватска има многу добри млади фудбалери и моја претпоставка е дека ќе ги освои трите бода. Дури и традиционално Хрватите излегуваат на крај со селекции како Швајцарија.

Сан Марино – Унгарија | 4+
Унгарците прокоцкаа победа над Полска, но имаат одличен млад тим и двапати по ред се пласираа на Европско првенство. Ривалот викендов им е идеален за поправање на гол-разликата, а со тоа победата и бодовите треба да заминат за Будимпешта.