Евротип предлог тикет – Недела 30.05.2021
Еден од најдобрите спортски новинари во државата и регионот – Зоран Мишевски селектира дел од понудата за денешните натпревари и ни даде свое гледиште како би се одвивале истите. Украдете дел од идеите или преземете ги неговите типови, па се надеваме на добивки. Предлог тикетот во ЕВРОТИП носи над 24 коефициент:
Нант – Тулуз 1
Вториот бараж натпревар за опстанок во лигата има еден јасен фаворит – Нант. Искуството и домашниот терен треба да бидат доволни некогашниот шампион да ја обезбеди категоријата против младиот и незгоден тим на Тулуз.
Швајцарија – САД ГГ, 3+
Подготовките за Европското првенство се во тек, а Швајцарците имаат млада и полетна репрезентација. Иако и Американците не се за потценување, сепак блага предност имаат Европјаните. Она што е во моментот извесно е дека натпреварот треба да биде исполнет со многу голови.
Волфсберг – Австрија Виена 3+
Реванш натпревар, каде на првиот натпревар славеше Австрија со 3-0. Очекувам исто така натпревар со многу голови.
Блекпул – Линколн Сити 0-2
Натпревар да се биде или не, со многу борба каде очекувам натпревар без многу голови.
Ефес – Барселона 2
Во моментот најдобрите европски тимови, очекувам победа на Барса бидејќи имаат подобар тим и поголем ростер.