Евротип предлог тикет – Сабота 01.05.2021

Еден од најдобрите спортски новинари во државата и регионот – Зоран Мишевски селектира дел од понудата за денешните натпревари и ни даде свое гледиште како би се одвивале истите. Украдете дел од идеите или преземете ги неговите типови, па се надеваме на добивки. Предлог тикетот во ЕВРОТИП носи околу 42 коефициент:

Лил – Ница 1
Пресвртот и победата во Лион им даде „ветер в грб“ на фудбалерите на Лил. Сега работите се во нивни раце во обидот сензационално да ја освојат титулата во Лига 1. Ница е првиот следен и до крајот на сезоната најсериозен ривал. Победата е императив, а фудбалерите на Галтие треба да покажат и ментална снага во трката со ПСЖ и Монако.

ПСЖ – Ленс 1-1, 3+
Поразот од Манчестер Сити остави последици врз шампионот на Франција. Екипата на Почетино мора да реагира и воедно да ги одмори најголемите ѕвезди за натпреварот во Манчестер во вторник. Се очекува шанса да добијат Икарди, Кин, Херера, Дракслер. Сепак, Ленс е ривал по мерка за победа и добра клима пред клучните мајски битки.

Брајтон – Лидс ГГ, 3+
Две екипи со офанзивни карактеристики ќе ги одмерат силите во Брајтон. Тешко е да се прогнозира победникот, но натпревар со многу голови, веројатни и во двете мрежи, може да се претпостави. Нашиот Алиоски треба да започне од првата минута по добриот натпревар против Манчестер Јунајтед.

Милан – Беневенто 1, 1+ПП1+ВП
Милан не смее да си дозволи нов кикс по поразите од Сасуоло и Лацио. Екипата на Пиоли веќе има тежок распоред и Беневенто на Пипо Инзаги е лесен ривал за тоа какви следуваат во последните четири кола. Ибра се очекува да настапи, а неговото присуство само по себе носи сигурност во екипата.

Бешикташ – Хатајспор 1-1
Шампионската титула во Суперлигата во Турција треба да се врати во областа Бешикташ. Домашниот дуел на „Водафон Арена“ против Хатајспорт е идеална можност за почеток на славјето. Екипата на Серген Јалчин има неспорен квалитет, многу поголем од Хатајспор, а и предноста од шест бода може да им дозволи помирен пристап и растеретеност во играта.