Евротип предлог тикет – Сабота 03.04.2021

Еден од најдобрите спортски новинари во државата и регионот – Зоран Мишевски селектира дел од понудата за денешните натпревари и ни даде свое гледиште како би се одвивале истите. Украдете дел од идеите или преземете ги неговите типови, па се надеваме на добивки. Предлог тикетот во ЕВРОТИП носи над 42 коефициент:

Челзи – ВБА 1, 3+

Големите клубови стравуваат од натпреварите по репрезентативната пауза, а Челзи мора и да мисли на дуелот со Порто на средината на следната недела. На гости им доаѓа еден од најслабите гости во Премиер лигата, па Тухел би требало и со комбиниран тим да излезе на крај со момците на Алардајс.

 

Лидс Јунајтед – Шефилд Јунајтед 1-1

Лидс е тим кој сака да се надигрува, а на гости им доаѓа ултра дефанзивен ривал. Шефилд Јунајтед им лежи на момците на Биелса и секој резултат освен домашна победа ќе биде изненадување. За очекување е Биелса да го одмори Алиоски, но ќе играат Бамфорд и Рафиња.

 

ПСЖ – Лил 1, 3+

Вторпат во неполн месец се среќаваат двата претенденти за титулата, па по убедливата победа во Купот, ПСЖ не би требало да ги смени навиките и во шампионатот. Верати нема да игра заради повреда, но се враќаат Ди Марија и Нејмар, кои две недели одмараа и ги лекуваа повредите.

 

Борусија Дортмунд – Ајнтрахт Франкфурт ГГ, 3+

Во некое друго време Борусија би била изразит фаворит, но сезонава не може да биде. Иако пласман до четвртото место во шампионатот е императив, Борусија Дортмунд игра неубедливо сезонава. Се очекуваат голови од двете страни, а сите опции за конечен резултат остануваат во игра.

 

Гранада – Виљареал ГГ

Двата шпански претставници во Лига Европа обожаваат офанзивен фудбал и играат за гол повеќе. Гостите се благ фаворит, но домаќините играат мотивирано со појаки ривали, а по „жолтата подморница“ им доаѓа Манчестер Јунајтед.