Евротип предлог тикет – Сабота 06.02.2021

Еден од најдобрите спортски новинари во државата и регионот – Зоран Мишевски селектира дел од понудата за денешните натпревари и ни даде свое гледиште како би се одвивале истите. Украдете дел од идеите или преземете ги неговите типови, па се надеваме на добивки. Предлог тикетот во ЕВРОТИП носи над 44 коефициент:

Њукасл – Саутемптон 3+

По дебаклот на „Олд Трафорд“ се очекува одговор од „светците“ на Хасенхутл. Њукасл е ривал кој им лежи на фудбалерите на Саутемптон, но тоа што не се наоѓаат во позитивен момент може да биде голем проблем. Предвидувам натпревар богат со голови.

 

Лион – Стразбур 1

Променливите игри се минато за Лион и поразот од Мец на домашен терен беше аларм за Руди Гарсија. Губењето на бодови против малите тимови е проблем за Лион, па со добар пристап натпреварот со Стразбур треба и мора да се добие.

 

Сасуоло – Специја 1, 3+

На „Мапеи стадиум“ ќе се сретнат две екипи кои играат офанзивен фудбал и имаат таков тип настроени тренери. Сасуоло е голем фаворит, но е и екипа која дозволува надигрување.

 

Севиља – Хетафе 1-1

Традиционално Хетафе има многу проблеми во Андалузија, а Севиља може да се соочи со замор по Куп-обврските. Сепак, формата на екипата на Лопетеги и доведувањето на Папу Гомез се аргументи кои влечат на страната на домаќините.

 

Фенербахче – Галатасарај 0-2

Големото турско дерби со Озил на теренот е голем спектакл. Тешко е да се предвиди фаворит и резултат, но скоро сигурно ќе биде тврдо и тактичко дерби. Опцијата да паднат мал број на голови изгледа најреално.