Евротип предлог тикет – Сабота 06.03.2021
Еден од најдобрите спортски новинари во државата и регионот – Зоран Мишевски селектира дел од понудата за денешните натпревари и ни даде свое гледиште како би се одвивале истите. Украдете дел од идеите или преземете ги неговите типови, па се надеваме на добивки. Предлог тикетот во ЕВРОТИП носи околу 41 коефициент:
Сараево – Зрински 1
Лидерот во босанската Премиер лига е во ритам и натпреварот со Зрински е идеална шанса за ново бегство на врвот. Екипата на Крсте Велковски одигра 0-0 на дербито со Железничар, но и овој резултат кај „бордо тимот“ имаше значај на триумф. Победа над Зрински е логична консеквенца.
Удинезе – Сасуоло ГГ 3+
Екипата на Илија Несторовски е во одлична форма и со четири бода на последните два натпревари се наметна оваа пролет. Дуелот со Сасуоло е тежок испит, но тенденцијата на две екипи е да играат за гол повеќе. Затоа очекувам да се тресат двете мрежи и да има многу голови.
Херта – Аугсбург 1, 3+
Иако Аугсбург е многу незгоден ривал и може секого да победи од екипите од средината на табелата, Херта е многу поквалитетна и има можности да го покаже својот квалитет на дело. Веројатно домашна победа е најреална опција.
Елче – Севиља 2
Иако загуби двапати од Барса и играше 120 минути во Купот во средата, а во вторник ја очекува гостување во Дортмунд, сепак екипата на Севиља едноставно мора да победи и очајнични бара да донесе три бода од Елче. Иако никогаш не е лесно, сепак тимот на Лопетеги е голем фаворит.
Барнли – Арсенал 2
Домаќинот е тврд ривал, ќе биде пак херметички затворен и ќе се обиде што е можно подолго да остане со почетниот резултат. Сепак, Арсенал игра нешто подобро и дел од таа подобра игра покажа на последните 4-5 натпревари. Три бода ќе го вратат тимот на Артета во трката за Лигата на шампионите.