Евротип предлог тикет – Сабота 10.04.2021

Еден од најдобрите спортски новинари во државата и регионот – Зоран Мишевски селектира дел од понудата за денешните натпревари и ни даде свое гледиште како би се одвивале истите. Украдете дел од идеите или преземете ги неговите типови, па се надеваме на добивки. Предлог тикетот во ЕВРОТИП носи над 16 коефициент:

Манчестер Сити – Лидс Јунајтед 1+ПП, 3+
„Граѓаните“ ја имаат титулата в џеб, а можат да ротираат колку што сакаат пред натпреварот во Лигата на шампионите во Дортмунд. Победата во нормални услови нема да е доведена во прашање, но овојпат добра опција е и тип за натпревар со многу голови.

Кристал Палас – Челзи 2
Поразот од Вест Бромвич е заборавен и Челзи играше мудро и на резултат против Порто. Сега нема да го повторат истиот кикс од минатата недела и во лондонското дерби се големи фаворити против Кристал Палас. И традицијата им е сојузник со екипата на Хоџсон.

Стразбур – ПСЖ 2
Ниту ротацијата која ја најави Почетино не е изговор и ПСЖ со било кој тим да излезе треба да го победи Стразбург. Право на грешка нема, посебно по поразот од Лил. Икарди, Кин, Паредес ќе се вратат во стартниот тим и верувам дека ќе го совладаат тимот од северна Франција.

Штутгарт – Борусија Дортмунд ГГ, 3+
Борусија Дортмунд нема да игра во Лигата на шампионите следната сезона ако продолжи со ова темпо. Победата во Штугарт е императив, а пак ќе недостига Санчо. Терзиќ најави дека нема премногу да ротира, па победа е реална опција. Сепак, Борусија и постигнува и прима голови и 3+ добар тип.

Атлетик Билбао – Алавес 1
Уште еден баскиски дуел за „лавовите“ по двата натпревари со Реал Сосиедад. Во мислите на Атлетик Билбао е следното финале на Купот на Кралот, но не смеат до него да дојдат со серија порази. Алавес го смени тренерот, игра во лоша форма и како аутсајдер доаѓа на „Сан Мамеш“.