Евротип предлог тикет – Сабота 13.03.2021

Еден од најдобрите спортски новинари во државата и регионот – Зоран Мишевски селектира дел од понудата за денешните натпревари и ни даде свое гледиште како би се одвивале истите. Украдете дел од идеите или преземете ги неговите типови, па се надеваме на добивки. Предлог тикетот во ЕВРОТИП носи над 60 коефициент:

Лидс – Челзи | ГГ, 3+
Натпревар на две екипи со офанзивен стил и тренери со филозофија да играат за гол повеќе. Затоа очекувам големо надигрување и многу голови. Челзи можеби малку повеќе ќе внимава, бидејќи следи дуелот со Атлетико Мадрид и постојат шанси Тухел некого да сочува за следниот натпревар.

Фулам – Манчестер Сити | 2-2
Лидерот е во налет и заборавен е поразот од Манчестер Јунајтед минатата недела. Фулам игра отворено, се надигрува и со подобри од себе и веројатно тоа е адутот на Сити дека против себе ќе има ривал кој ќе се надигрува.

Олимпик Марсеј – Брест | 1, 1+ПП&1+ВП
Сампаоли седна на клупата на Олимпик Марсеј и дебитираше со победа. Следниот ривал е по мерка за уште една победа и квалитетот на поранешниот европски првак треба да дојде до израз.

Хетафе – Атлетико Мадрид | 2
Победата над Атлетик Билбао го врати лидерот во колосек и календарот му оди во прилог. Градското дерби против Хетафе е ривал по мерка на момците на Симеоне и верувам дека лесно ќе слави победа и ќе се доближи до освојување на титулата.

Зенит – Ахмат Грозни | 1-1
Најсилната руска екипа е огромен фаворит против незгодниот Ахмат Грозни. Тимот на Семак мина низ одлични подготовки и не би требало да има проблем со ривали како денешниот.