Евротип предлог тикет – Сабота 15.05.2021

Еден од најдобрите спортски новинари во државата и регионот – Зоран Мишевски селектира дел од понудата за денешните натпревари и ни даде свое гледиште како би се одвивале истите. Украдете дел од идеите или преземете ги неговите типови, па се надеваме на добивки. Предлог тикетот во ЕВРОТИП носи над 18 коефициент:

Специја – Торино | 0-2
Двете екипи играат спротивен стил еден на друг. Специја сака отворен фудбал и се надигрува, а Торино е тактичка екипа која секогаш игра на резултат. Дуелот е директна пресметка за опстанок и верувам дека ќе се игра тврдо и со малку голови. Баш онака како што им одговара на гостите.

Рома – Лацио | ГГ, 3+
Римското дерби нема голем влог кога табелата е во прашање, но ова се натпревари во кои секогаш има ривалитет и мотивите нема да недостигаат. Во последните две сезони Лацио е нешто помоќен и поуспешен. Играта со многу голови, која ја форсира Фонсека верувам дека ќе биде инспирација за дербито.

Шалке 04 – Ајнтрахт | 2
Шалке е веќе второлигаш и размислува како да се екипира за да не мине долго време во Цвајте. Неспорен е квалитетот на страната на гостите, а и Ајнтрахт очекува европски фудбал следната сезона, па мора да брка победа. За да ја продолжи мртвата трка со Борусија Дортмунд и Волфзбург, тимот од Франкфурт ќе мора да слави на „Велтинс Арена“.

Саутемптон – Фулам | 1
Од пред неколку дена Фулам и теоретски е второлигаш и последните три кола ќе ги игра за клупски престиж. Но, мотивите не се исти, посебно ако се знае дека на гости патуваат кај екипа која ја врати старата форма, а и во вторникот одигра одличен натпревар против ВБА.

Челзи – Лестер Сити | 1
Врвната форма со која Челзи ја завршува сезоната го става тимот на Тухел како фаворит во ова Куп-финале. Натпреварите против Лестер никогаш не се пријатни и затоа треба да се биде претпазлив. Сепак, Челзи делува многу свежо, за разлика од Лестер, кој како да се замори по силната неколкумесечна битка за влез во Лигата на шампионите.