Евротип предлог тикет – Сабота 16.01.2021
Еден од најдобрите спортски новинари во државата и регионот – Зоран Мишевски селектира дел од понудата за денешните натпревари и ни даде свое гледиште како би се одвивале истите. Украдете дел од идеите или преземете ги неговите типови, па се надеваме на добивки. Предлог тикетот во ЕВРОТИП носи над 61 коефициент:
Вест Хем – Барнли | 1
По победата во ФА Купот, Вест Хем се засили и со нетрпение очекува победничка серија и во Премиер лигата, „Чеканите“ се големи фаворити против Барнли, иако и тимот на Дајч скапо ја продаде кожата против Манчестер Јунајтед во средата. Домашна победа е најреална опција.
Олимпик Марсеј – Ним | 1, 3+
По поразот во Суперкупот на Франција, тимот на Андре Виљаш Боаш мора да го реши најголемиот проблем сезонава – победите против малите тимови. Ним е противник по мерка за враќање на победничките стази.
Анжер – ПСЖ | 2-2
Со Почетино на клупата ПСЖ доби препознатлива форма и победите оваа недела значеа нов почеток. Вчера тренерот на ПСЖ беше позитивен на ковид-19 и неизвесно е дали заразил и некои од фудбалерите. Сепак, Анжер не е противник заради кој шампионот треба да стравува и да игра максимално.
Борусија Дортмунд – Мајнц 05 | 1, 4-6
Враќањето на Халанд донесе и убедливи победи и препознатливи игри за Борусија Дортмунд. Мајнц е во голема криза, смени неколку тренери и не би требало да биде „тврд орев“ за „милјардерите“.
Камерун – Зимбабве | 1, 1+ПП&1+ВП
Почнува Африканскиот Куп на нации и првиот голем фудбалски настан во новата година. Камерун е изразит фаворит на првиот натпревар и еден од претендентите за највисок пласман. Убедлива победа на Камерунците е единствена реална опција.