Евротип предлог тикет – Сабота 20.02.2021
Еден од најдобрите спортски новинари во државата и регионот – Зоран Мишевски селектира дел од понудата за денешните натпревари и ни даде свое гледиште како би се одвивале истите. Украдете дел од идеите или преземете ги неговите типови, па се надеваме на добивки. Предлог тикетот во ЕВРОТИП носи над 110 коефициент:
Ливерпул – Евертон 1, ГГ
Победата над РБ Лајпциг го врати Ливерпул во победнички ритам, а она што повеќе радува е победата без примен гол. Градското дерби е посебен натпревар, а контроверзиите од првиот натпревар го мотивираат тимот на Клоп за одмазда. Очекувам голови и домашен триумф.
Сент-Етјен – Ремс 1
„Зелените“ на Клод Пуел играат многу променливо и тешко е да се улови нивен континуитет. Навидум се фаворити, имаат добра традиција против Ремс, играат со најсилниот состав и ова е идеална шанса да докажат дека не се непредвидливи.
Шалке 04 – Борусија Дортмунд 2, ГГ
Борусија Дортмунд е во транс по триумфот во Севиља и на тие крилја гостува кај најлутиот ривал. Иако овој натпревар е дерби и Шалке се засили зимава, сепак разликата во квалитет е огромна. Не верувам дека Шалке има решение за Халанд и Санчо.
Атлетико Мадрид – Леванте 1-1
Во средата Атлетико не успеа да победи на дуелот кај Леванте. Сега двете екипи се соочуваат во Мадрид. Пред гостувањето на Челзи на „Ванда Метрополитано“, на момците на Симеоне очајно им треба триумф.
Лацио – Сампдорија 1, 3+
Теоретски, римјаните треба да ги чуваат најважните фудбалери за дуелот со Баерн. Но, по поразот во Милано од Интер, тимот на Симоне Изнаги не смее да си дозволи нов кикс и од прва минута ќе го нападне гостинот од Џенова.