Евротип предлог тикет – Сабота 20.03.2021
Еден од најдобрите спортски новинари во државата и регионот – Зоран Мишевски селектира дел од понудата за денешните натпревари и ни даде свое гледиште како би се одвивале истите. Украдете дел од идеите или преземете ги неговите типови, па се надеваме на добивки. Предлог тикетот во ЕВРОТИП носи околу 30 коефициент:
Мец – Рен 2
Тешко е да се очекува дека Рен ќе ја врати формата од минатата сезона, но сепак квалитетот на клубот од Бретања преовладува против Мец. Формата на Камавинга е во надолна линија, нападот не е на висината на задачата, па овој натпревар е шанса за излез од кризата.
Баерн Минхен – Штутгарт 1&ГГ
Конечно сите повредени и ковид-позитивни се вратија во стројот и Баварците се комплетни. Штутгарт му лежи како противник и европскиот првак има шанса за нова голеада и убедлива победа.
Ваљадолид – Севиља 2
Победата над Елче во средата ја враќа Севиља во победнички колосек, по катастрофалната прва половина на месецот. Екипата на Лопетеги има нова шанса за триумф, бидејќи традиционално добро игра против Ваљадолид.
Хајдук – Шибеник 1
Можеби се далеку од врвот и не се мотивираат најмногу кога играат против малите клубови, но фудбалерите на Хајдук викендов имаа ривал по мерка. Шибеник е еден од полошите гости во лигата и на „Пољуд“ нема што да бара.
Келн – Борусија Дортмунд ГГ3+
Натпреварите на соседите од Рурската област секогаш носат многу голови, па често посигурна е опцијата дека двете екипи ќе постигнат гол(ови), отколку конечен тип. Борусија Дортмун е фаворит, но одбраната на Терзиќ и толку ранлива што тешко може да одигра натпревар без да прими гол.