Евротип предлог тикет – Сабота 22.05.2021
Еден од најдобрите спортски новинари во државата и регионот – Зоран Мишевски селектира дел од понудата за денешните натпревари и ни даде свое гледиште како би се одвивале истите. Украдете дел од идеите или преземете ги неговите типови, па се надеваме на добивки. Предлог тикетот во ЕВРОТИП носи над 53 коефициент:
Каљари – Џенова | ГГ, 3+
Опстанок е обезбеден за двете екипи и натпреварот е само за престиж. Во овој момент непознато е со какви состави ќе се претстават и едните и другите, но веројатно ќе има доста измени. Подобра опција за типување е бројот на голови, отколку конечен тип. Предвидуваме натпревар со многу голови.
Баерн Минхен – Аугсбург | 1-1, 4-6
Левандовски го брка рекордот на Герд Милер, а Баерн сака со стил да го испрати тренерот Ханси Флик. Нема дилеми дека домашната екипа има доволно мотиви да одигра отворен натпревар и да победи со многу голови во дресот на противникот. Баварскиот дуел секако дека има само еден фаворит.
Борусија Дортмунд – Баер Леверкузен | 1, ГГ
Борусија Дортмунд треба само да го верификува пласманот во Лигата на шампионите, а против себе има ривал кој сака отворен фудбал. Нема дилеми дека мрежите ќе се тресат, а почесто би требало да се тресе гостинската. Халанд, Санчо, Торген Азар и другарите се гаранција за голови.
Свонси – Барнсли | 1
Натпреварот е голема шанса велшкиот клуб да се пласира во финалето на плеј-офот, а по победата на гостински терен, дома само треба да ја заврши работата. „Лебедите“ се многу поквалитетни и поискусни, а ги води и Африканецот Андре Ајев.
Динамо Загреб – Шибеник | 1, 3+
Сите рекорди и трофеи се освоени и Динамо Загреб треба само да одигра за своја душа за крај на ХНЛ. Предвидени се промени во тимот и шанса за помладите, но тоа не значи дека нема да има голови и возбудувања. Бодовите треба да останат во Загреб.