Евротип предлог тикет – Сабота 27.02.2021

Еден од најдобрите спортски новинари во државата и регионот – Зоран Мишевски селектира дел од понудата за денешните натпревари и ни даде свое гледиште како би се одвивале истите. Украдете дел од идеите или преземете ги неговите типови, па се надеваме на добивки. Предлог тикетот во ЕВРОТИП носи околу 21 коефициент:

Лидс Јунајтед – Астон Вила | ГГ, 3+
Две откритија на сезоната во Англија играат меѓусебе на „Еланд роуд“. Астон Вила очајнички сака реванш за оние 0-3 во Бирмингем, но она што е најреална опција на дуелот на овие две екипи е факторот голови. Двете екипи играат за гол повеќе и се предвидува спектакл.

Дижон – ПСЖ | 2-2
Поразот од Монако беше тежок удар за ПСЖ. Иако уште не се комплетни и им недостигаат Ди Марија и Нејмар, сепак момците на Почетино се фаворити и се очекува со полн плен да се вратат од Дижон.

Баерн Минхен – Келн | 1-1, 4+
Баерн заврши со раздавањето бодови во Бундеслигата и РБ Лајпциг се доближи на само два бода. Секој резултат освен победа со многу голема разлика на домаќините ќе биде изненадување на овој дуел.

Борусија Дортмунд – Арминија Билифилд | 1, 3+
Победата во Севиља може да биде пресвртница во сезоната на Борусија Дортмунд. За да не ризикуваат да останат без место во Лигата на шампионите следната сезона Халанд, Ројс, Санчо и другарите мора да почнат да победуваат.

Порто – Спортинг | 0-2
Дерби и сериозен тест за тоа дали Спортинг е спремен за титула. Порто е благ фаворит, но очекувам претпазлив и затворен натпревар. Двете екипи ќе сакаат да не примат гол и предвидувам натпревар со мал број на голови.