Евротип предлог тикет – Сабота 27.03.2021
Еден од најдобрите спортски новинари во државата и регионот – Зоран Мишевски селектира дел од понудата за денешните натпревари и ни даде свое гледиште како би се одвивале истите. Украдете дел од идеите или преземете ги неговите типови, па се надеваме на добивки. Предлог тикетот во ЕВРОТИП носи над 24 коефициент:
Русија – Словенија | 1
Квалитетот на групата уште во првото коло понуди изненадување. Словенија ја совлада Хрватска, но веднаш е пратена на потврда на вредноста во Москва. Русија, која е спој на две генерации, но има искусен и долготраен селектор е апсолутен фаворит. Играта на „Зборнаја“ не им лежи на земјите од поранешните југословенски простори, па тоа е уште еден аргумент повеќе во полза на Русите.
Ирска – Луксембург | 1, 1+ПП&1+ВП
Иако Луксембург многу напредуваше, сепак ритамот на игра на селекцијата на Ирска е посилен. Ова е идеална можност за први бодови на ирскиот национален тим и затоа секој резултат освен убедлива домашна победа ќе биде изненадување.
Црна Гора – Гибралтар | 1-1, 3+
Новата Црна Гора, со нов селектор и нов проект не смее да си дозволи да не го победи слабиот Гибралтар. Иако овој тип на репрезентации како црногорската мака мачи да врзе два добри натпревари, сепак преседан би било ако не извојува победа.
Германија У21 – Холандија У21 | 1
Холандија потвфрли уште на стартот и ремизираше со Романија, а Германците веднаш покажаа сила. Кунц доведе силен и енергичен состав и сигурно ќе ја има фаворитската улога во овој натпревар. И традицијата во младите категории во последната деценија е во полза на Бундес-тимот.
Холандија – Латвија | 1, 1+ПП&1+ВП
По дебаклот во Истанбул, Холандија има идеален противник за поправен испит. Латвија е најслаба селекција во групата и „лалињата“ ќе мора да гo истурат бесот врз нив, за да го покријат поразот од Турција. Убедлива победа на подмладената Холандија е единствена добра опција.