Евротип Спортските Обложувалници се поддржувачи на меѓународниот шаховски турнир Голд Фелициа 2024

Во неделата на 4-ти август во ресторанскиот дел на комплексот Голд Фелициа во Битола се одржа меѓународниот турнир во забрзан шах “Голд Фелициа 2024”.
Овој престижен настан, кој ги собра најталентираните  умови од повеќе земји, се покажа како извонреден тест за шаховските вештини и интелектуалната моќ на учесниците.

На турнирот учество зедоа 118 шахисти. Учествуваа шахисти од сите Македонски шаховски клубови, шахисти од балканските земји (Грција, Бугарија, Косово, Албанија и Србија) како и шахисти од Франција, Швајцарија и далечната Индија.

Турнирот се играше по Швајцарски систем од 9 кола, според правилата на Интернационалната Шаховска Федерација – ФИДЕ за забрзан (Рапид) шах при што турнирот беше пријавен и рејтингуван во ФИДЕ. Резултатите во реално време беа објавувани на официјалната веб страна на ФИДЕ (www.chess-results.com).

Модератор на настанот беше Никола Пројчески, а турнирот за отворен го прогласи битолскиот шахист Зоран Попчевски.

На овој меѓународен турнир учество зедоа нашите млади шахисти од сите 4 клубови во Битола кои покажаа дека се на висина на задачата, со своите одлични настапи и импресивни резултати.

Спонзори на овој турнир беа компаниите Голд Фелициа, Евротип Спортските Обложувалници, Голд Слот Клубовите и Премиум Сејфти Солушн – компании кои се дел од КС Групацијата и кои редовно ги поддржуваат сите спортски настани во градот Битола, а и пошироко низ Македонија.

Евротип како горд спонзор на овој шаховски турнир е задоволен од високото ниво на организација на самиот настан како и од спортскиот дух што го покажаа сите учесници. Од менаџерскиот тим на Евротип изјавија дека меѓународниот шаховски турнир е одлична платформа за младите таленти да се докажат и да стекнат искуство на меѓународната сцена и нагласија дека ова е само еден од многуте настани што планираат да ги поддржат во иднина.

Турнирот заврши со свечена церемонија на доделување награди, на која најдобрите шахисти добија признанија за своите достигнувања. Присутните имаа можност да уживаат во натпреварите и да видат како младите умови ги надминуваат своите граници.
Првото место на овој меѓународен шаховски турнир му припадна на Геогиев Кирил од Бугарија.
Имињата на сите учесници како и добитниците на награди се објавени на следниот линк: https://chess-results.com/tnr960424.aspx?lan=1&art=1&rd=9&flag=30

Со овој настан, Битола уште еднаш докажа дека е град на спортот и интелектот, подготвен да поддржи и да промовира млади таленти кои ќе ја носат нашата гордост на меѓународната сцена.