Египетски кружен напаѓач потпиша за Еурофарм Пелистер

Еурофарм Пелистер има нов кружен напаѓач за следната сезона. Египетскиот репрезентативец Ибрахим Калес Валид е нов член на македонскиот првак. 26-годишниот пивотмен се наметна во дресот на репрезентацијата на Египет, а во Македонија доаѓа од првакот на Турција, Бешикташ.
Корпулетниот Калес Валид е висок 195 сантиметри и сезонава беше еден од најдобрите ракометари на турскиот тим во ЕХФ Европскиот Куп. Со најдобрата африканска репрезентација има постојан раст, откако влезе во кругот на националниот тим пред неколку години.
Официјалното претставување на Калес Валид се очекува на почетокот од подготовките за сезоната 2025/26 следниот месец во Битола.