Египет го смени селекторот Хосам Хасан

Хосам Хасан повеќе не е селектор на египетската фудбалска репрезентација. Фудбалскиот сојуз на Египет (ФСЕ), ја прекина соработката со легендарниот поранешен напаѓач, кој ја водеше репрезентацијата од 2024 година, не поради спортски резултати, туку поради скандали во неговиот приватен живот.
Откакзот е последица на инцидентот што се случи во август, кога во хотелски бар се случила жестока расправија меѓу двете од сопругите на Хасан. Расправијата ескалираше во физичка пресметка, а сведоци изјавија дека жените викале, фрлале предмети и се тепале, поради што интервенирал хотелскиот персонал. Делови од инцидентот биле снимени и раширени на социјалните мрежи.
Според извештаите на медиумите, ситуацијата толку многу го вознемирила Хасан што се онесвестил, по што бил однесен во болница.
Сопругите не поднеле официјални извештаи една против друга. Да ве потсетиме дека Хосам Хасан имал две сопруги истовремено со години, што е законски можно во Египет, каде што на муслиманите им е дозволено да имаат до четири сопруги.
Тој има три деца со својата прва сопруга Ховаида Ел-Гарбави, со која се ожени во 1994 година, додека со својата втора сопруга Дина Мустафа, позната како Дан Адам, се ожени во 2015 година и со неа има две деца.
Нивната врска заврши со голем скандал во август 2026 година, кога двете жени физички се пресметаа во хотелски комплекс во египетското одморалиште Порто Марина. По ова следеа разводи и правни спорови.
ФСЕ не го спомена директно инцидентот во своето официјално соопштение, но потврди дека причината за отпуштањето се неодамнешните настани што го нарушија угледот на националниот тим.