Еден клуб од Италија и еден од Турција в лето го сакаат Мегваер

Искусниот дефанзивец на Манчестер Јунајтед., Хари Мегваер на крајот од сезоната би можел да се пресели во Наполи или Галатасарај. Италијанците и Турците ја следат ситуацијата со договорот на дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, кој истекува во јуни 2025 година.
Од јануари 31-годишниот Англичанец има право да преговара со други клубови, додека „црвените ѓаволи“ имаат опција да го продолжат договорот на една година.