Едерсон поради повреда ги пропушта натпреварите на Бразил

Бразилскиот голман и член на Манчестер Сити, Едерсон, поради повреда ќе ги пропушти претстојните натпревари на репрезентацијата против Колумбија и Аргентина во квалификациите за пласман на Светското првенство.

Едерсон настапите ги откажал поради повредата на стапалото која ја добил на неделниот натпревар од Премиер лигата против Челзи.

Популарните „кариоки“ во четврток гостуваат во Колумбија а потоа на домашен терен го играат јужноамериканското дерби против Аргентина.