Един Џеко највозрасен стрелец во Конференциската лига на УЕФА

На синоќешните дуели од УЕФА Конференциската лига репрезентативецот на БиХ Един Џеко постави рекорд.

Тој беше стрелец на еден од головите на неговиот тим против Рапид Виена, кој Фиорентина го доби со 3:0. Џеко го постигна вториот гол на почетокот на вториот дел со што и практично беше решен победникот на дуелот.

Со постигнатиот гол капитенот на репрезентацијата на Босна и Херцеговина стана највозрасниот фудбалер што постигнал гол во ова натпреварување со 39 години и 220 дена.