Едисон Кавани сака да игра во шпанската Ла Лига

Шпанскиот весник АС, пренесува дека напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Единсон Кавани е блиску до потпис со нов клуб.

Уругваецот сака да ја продолжи кариерата во Ла Лига, а веќе се појавија информации дека преговара со Реал Сосиедад.

Двете страни имале првични разговори и се оптимисти дека ќе се постигне договор. Баскијците најверојатно ќе го продадат нивниот најдобар напаѓач Александар Исак и сакаат да добијат докажан голгетер кој ќе го замени шведскиот репрезентативец.