Еди Хау фаворит од сенка за клупата на Јунајтед

Еди Хау е главен фаворит за нов менаџер на Манчестер Јунајтед доколку раководството на клубот одлучи да му врачи отказ на Мајкл Карик, објавуваат англиските медиуми. Поранешниот тренер на Њукасл е високо рангиран меѓу потенцијалните наследници, пред сè поради своето искуство во Премиер-лигата.
Притисокот врз Карик се зголеми по убедливиот пораз од Комо со 4:1 во Лигата на шампионите, со што продолжи лошата серија на „црвените ѓаволи“.
Според медиумските информации, спортскиот директор Џејсон Вилкокс го гледа Хау како сериозна опција за преземање на тимот. Меѓу останатите кандидати се споменуваат Јулијан Нагелсман, Антонио Конте и Фабијан Хирцелер.