Една година без легендарниот Марадона

Измина точно една година од смртта на еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Диего Марадона. Легендарниот „Ел Пибе“ почина на 25.ноември 2020 година на 60. годишна возраст.

Клубовите за кои настапуваше како играч, денес на социјалните мрежи испратија пораки со кои потсетуваат на легендарниот Аргентинец.

Посебно се памети неговиот период во дресот на Наполи каде стана шампион на Италија во 1987 и 1990 година и го заработи епитетот „Бог на фудбалот“. Во клупската кариера, Марадона освои девет трофеи играјќи за Бока Јуниорс, Барселона и Наполи.

Во дресот на Аргентина најголем успех му е освоената титула Светски шампион на првенството во Мексико 1986 година.

https://twitter.com/BocaJrsOficial/status/1463703995785089025?s=20